Буковски манастир, црква „Свето Преображение“, Битолско

Share Button

Манастирскиот комплекс е лоциран во село Буково на околу 6 километри од Битола. Манастирската црква е изградена во 1837 година.

Image result for Свето преображение Буково

Манастирот на почетокот имал монаси, меѓутоа по  повеќе од  пет  децении од неговата изградба монашкиот живот згаснал. Управувањето над манастирот го превзеле мирјаните од село Буково. Внатрешноста на црквата никогаш не била зографисана, меѓутоа нејзиниот ентериер е исполнет со копаничарски дела: Иконостас, едно целивание, две табли поставени на западниот ѕид и еден сандак каде се чуваат свештеничките одежди. Во црквата има повеќе икони од 19 век и една постара икона изработена од непознат зограф во 18 век. Заради густата околна шума и благопријатната микро клима во околината на манастирот, жителите на Битола и околината редовно го посетуваат овој манастир.

Неговата историја е мошне скудна, но сепак постојат некои податоци кои укажуваат на тоа дека е подигнат врз темелите на постара црква.
Манастирската црква е изградена во 1837 година, во 1845 година во манастирот имало два монаха, а во 1865 во манастирот имало само еден игумен.
Денес за манастирот се грижат селаните и селскиот одбор од село Буково.
На средината на манастирскиот двор е лоцирана црквата, а од старите оградни манастирски ѕидови и главната порта е сочуван само остаток од засведената порта. Старите манастирски конаци биле изградени југозападно од црквата, и истите се неодамна обновени.
Поради блискоста на манастирот со Битола, чистиот воздух, планинската вода и живописната природа, манастирот денес е една од најпосетуваните локации за излет во близина на Битола.
Манастирот бил и една од омилените локации на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време Турската империја, особено на Рускиот Конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој бил убиен од страна на Турски војник во 1903 година враќајќи се од манастирот во својата резиденција во Битола.

уредник

Related Posts

Фотогалерија манастир Свети Спас во Црнобуки

Коментарите се исклучени на Фотогалерија манастир Свети Спас во Црнобуки

Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Коментарите се исклучени на Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Утрово во битолската црква посветена на Св Недела, Духовден – Света архиерејска Божествена Литургија

Коментарите се исклучени на Утрово во битолската црква посветена на Св Недела, Духовден – Света архиерејска Божествена Литургија

Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Денеска е Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Коментарите се исклучени на Денеска е Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Денеска е Источен петок – Балаклија

Коментарите се исклучени на Денеска е Источен петок – Балаклија

Create Account



Log In Your Account