Стариот бунар со синџир за влечење вода во битолската џамија одамна не постои

Станува збор за Јени џамија во Битола, во која што според легендите имало и бунар, но еве што поточно е наведено во старите записи.

Image result for Јени џамија Битола

Јени џамија се наоѓа во центарот на градотБитола, Република Македонија. Името на турски јазик означува Нова џамија. Има квадратна основа, со купола на врвот. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква.

Image result for Јени џамија Битола

Џамијата Кади Mахмуд Челеби или Јени (Нова) џамија била изградена по нарачка на битолскиот кадија Махмуд-ефенди, на местото на постара џамиска зграда или врз остатоците од христијански храмови. Во истражувањата на објектот се откриени ѕидови од три цркви. Најстарата од VII век се верува дека е црквата „Св. Ѓорѓија“, втората црква е од XI, а третата од XIII век.Последната црква била срушена пред да се изгради џамијата за што нема податоци дали се случило со освојувањето на Османлиите или од други причини.

Во 1661 година била посетена од османлискиот патописецЕвлија Челебија кој во својата патописна книга Сејахaтнамезабележал дека има една џамија на Mахмуд-ефенди со натпис:

Вистина е дека оваа светла џамија
Го осветлува градот како ден.

О, Лаели кој го состави овој хроностих за џамијата
Молитвено место за пратеникот на божјите намесници. 973 година[2]

Овој хроностих на поетот Лаели e во форма на хронограм (тарих) и ја кажува годината на градбата 973 година по хиџра или 1565 година. Но според пресметувањето на М. Тефик и К. Томовски, точната година е 966 хиџра или 1558-59 година додека според најновата пресметка (Ебџед хесап) на Е. Ајверди и на М. Асимов, точната година на изградбата е 961 по хиџра или 1553-54.

Кадијата Махмуд-ефенди, за кого нема многу сочувани податоци откако бил назначен во судот во Битола во 959 по хиџра или 1551-52 година, востановил побожен вакаф за новата џамија која содржела дукани, куки, магазини, анови и хотели. Во близина на џамискиот објект тој отворил медреса, а наоколу џамијата имала мали гробишта каде бил погребан битолскиот бекташки мистик Халил Баба.

Related image

Во 1589 според еден судски документ имало спор помеѓу муслиманите и христијаните, бидејќи христијаните кои живееле околу џамијата им сметале на муслиманите при службата. Можеби тука и христијаните доаѓале да се молат како старо христијанско култно место кое било во близината на христијанскиот кварт Дабижив, подоцна Црквено маало-Килисе. Со преселувањето на христијаните одовде веројатно се одбележала границата помеѓу двете верски концесии.

Џамијата во османлискиот период претставувала активно место за молитва, за што сведочи дека во 1829 во едно судско решение се споменува дека новиот имам Хафизхалил-ефенди го наследил стариот имам Мола Исмаил. Над влезот на денешната џамија е сочувана мермерна плоча со османски турски натпис во кој се споменува реновирањето на џамијата во 1890-91 година кога бил повторно изграден и проширен тремот на северната страна. Тогаш била реновирана џамијата од мајсторот-ѕидар Павле Ристиќ (Ристев) од Смилево и бил додаден нов трем со шест куполи[3]. По наредба на тогашниот имам биле преупотребени мермерните сполии, а надгробните камења натписите им биле исклепани, за со нив да биде поплочен просторот пред џамијата.

Image result for Јени џамија Битола

Во 1950 година објектите и гробиштата околу џамијата биле дислоцирани и бил уреден парк со шадрван, а џамијата била прогласена за културен споменик и била преуредена во уметничка галерија на современата графика.

Оваа битолска џамија е присутна во легендите и преданијата запишани од Мехмед Тевфик, Марко Цепенков, Јован Хаџи Васиљевиќ, и е позната по неколку имиња. Најпознатото е Нал џамиси (Потковица џамија) која според легендата има сочувани траги од потковиците на коњот на Свети Ѓорги, кога коњот удрил со задните копита во ѕидот. Ваквата симболика е поврзана со градската христијанска митологија за постоењето на храм посветен на св. Ѓорги на оваа локација. Второто име, Синџирли Бунар џамија е поврзано со некогашниот стар бунар со синџир за влечење вода за џамијата, но кој одамна не постои. И во блискиот град Леринпостоела Јени џамија, на крајот од 19 век. Од ова може да се претпостави дека на местото на Јени џамија имало постара џамија, а пред неа христијански храм.

Related image

И во народните преданија забележани од Марко Цепенков е запишано дека во Битола бил манастирски центар и седумдесет и два светци се славеле во црквите. Според битолскиот историчар Мехмед Тефик и учителот по историја на Кемал Ататурк во неговата кратка историја на битолскиот вилает издадена во 1910 година е забележано дека пред освојувањето на градот на десната страна на реката Драгор имало четириесет и пет цркви со нивни воденици, а на левата страна на реката Драгор имало дваесет и девет цркви со еднаков број на воденици за нивно одржување. Според Тефик најголемиот манастир во предосманскиот град бил посветен на Свети Никола и бил управуван од игуменот Никола.

Патописецот Јован Хаџи Васиљевиќ при својата посета на Битола ги забележал тогашните преданија во својата книга Низ стара Србија и Македонија во 1879 година (Кроз стару Србију и Македонију 1879 године), ја посетил џамијата и ги собрал усните преданија заклучувајќи дека седум џамии биле цркви, при што ги наведува и црквите.

Рускиот конзул во 1885 дава скромни податоци за конвертирањето на црквата Свети Апостоли во џамија, како и П. Безсонов кој пишува за големиот манастир посветен на Свети Никола во предосманскиот период. Сепак овие легенди добиле поголеми размери во времето на преродбата и во времето на Балканските војни, но и често биле креација на народната имагинација откако Османската Империја започнала да се распаѓа

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account