За иконата која се смета за една од најголемите светињи и заштитничка на Света Гора

Share Button

Иконата Достојно ест е една од чудотворните икони на Пресвета Богородица. Според Преданието, токму пред таа икона светиот архангел Гавриил му го открил истоимениот славопој на монахот – испосник за време на заедничката Утрена. Имено, монахот примил некој странец во својата келија, и заедно со него започнале да служат Утрена. При крајот на деветтата песна на Канонот на Богородица, монахот започнал да ја пее „Го велича мојата душа Господа“ заедно со ирмосот „Почесна од Херувимите“. Потоа гостинот го започнал стихот „оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја“, по што испеал нешто што монахот никогаш претходно го немал чуено.

Тој поитал да земе камена плоча за да го запише текстот, по што гостинот со прст, како по восок го изрезбал текстот на камената плоча, по што го снемало.

Плочата на која била испишана „Достојно ест“ при крајот на 10 век била пренесена во Цариград. Од тој момент оваа икона се смета за една од најголемите светињи и заштитничка на Света Гора.

Интегралниот текст на теотокионот, откриен од светиот архангел Гавриил, и запишан на камена плоча со прст гласи:

Достојно е навистина
блажена да те нарекуваме, Богородице,
секогашблажена и пренепорочна,
и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога – Логосот девствено што Го роди –
тебе – вистинската Богородица
ние те величаме.

ЗА ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА ДОСТОЈНО ЕСТ

На 11/24 јуни се празнува иконата “Достојно ест” заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996). Во близина на светогорскиот манастир Пантократор се наоѓа голема долина и во неа разни келии. Во една од тие келии, посветена на Успението на Пресвета Богородица, живеел еден доблесен јеромонах старец со својот послушник. Бидејќи во блискиот скит Протат, на Кареја, секоја недела се служело бдение, една сабота старецот, одејќи на бдение, му рекол на својот ученик: Чедо, јас одам на бдение, а ти како можеш читај го своето правило.

dostoino est

Кога се стемнило, некој затропал на вратата од келијата. Братот ја отворил вратата, и видел еден непознат монах, кој влегол и останал во келијата онаа ноќ. А кога дошло време за утрена, обајцата станале да ја пеат утрената. Кога дошле на Честњејшују, монахот послушник ја отпеал до крај “Честњејшују херувим…”, стариот славопој кон Богородица од свети Козма Песнописец. А оној монах странецот додал друг почеток на славопојот, и отпеал вака: ”Достојно ест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего” (грчки:Άξιον εστίν ως αληθώς μακαρίζειν σε την Θεοτόκον, την αειμακάριστον και παναμώμητον και μητέρα του Θεού ημών); a потоа го додал: “Честњејшују херувим…” се до крајот. 
Слушајќи, монахот послушник се зачудил и му рекол на странецот: Ние пееме само “Честњејшују…”, а “Достојно ест” никогаш не сме ја чуле.Туку, те молам, напиши ми ја таа песна, па и јас да и ја пејам на Богородица. – Монахот странец рекол: Донеси ми мастило и хартија, да ти ја напишам. – Немам ни мастило ни хартија, одговорил послушникот. – Тогаш донеси ми една плоча, рекол странецот. Монахот отрчал, нашол плоча и ја донесол. Странац ја зел и со прст ,како по најмек восок, ја испишал на плочата песната: “Достојно ест”.. Потоа странецот рекол: Отсега па натака така ќе пеете вие и сите православни и станал невидлив. А тоа бил свети Архангел Гавриил, пратен од Бога да ја објави ова Ангелска песна, најдолична на Пресветата Мајка Божја. Кога се старецот се вратил од бдението во келијата, послушникот му ја отпеал “Достојно ест”, како што му наредил Ангелот, и му ја покажал на старецот плочата, испишана со ангелска рака.

Тогашните отци, празнујувајќи го споменот на ова чудо, секоја година вршеле богослужења и света Литургија во споменатата келија, во исто време честувајќи и славејќи го светиот Архангел Гавриил, кој од почетокот до крајот, останал богонадахнат славословец на Пресвета Богородица, и Нејзин радосен служител и благовесник.

Оттогаш оваа Ангелска песна се разнесла по целиот свет, за сите православни христијани да и ја пеат на Пресветата Богомајка. А светата икона на Пречистата Богородица, која се наоѓала во црквата на онаа келија и пред која се случило ова чудо, била пренесена во велелепната црква на Протатот, каде и денес се наоѓа. А келијата го добила називот “Достојно ест”.

Арх. Гаврил Достојно ест
Извор: Архимандрит Јустин Поповиќ

уредник

Related Posts

(фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Коментарите се исклучени на (фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Коментарите се исклучени на Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Create Account



Log In Your Account