За 40-те битолски свети маченици

Share Button

39 монаси меѓу кои бил и еден Турчин, пострадале на Баирскиот рид во Битола.

Светите 40 битолски маченици се 39 монаси кои го бодреле населението да издржи во опсадата и подоцна во маките по освојувањето на Битола од страна на Османлиската војска и 1 Турчин кој преведувајќи ги зборовите на монасите ја примил Православната вера па подоцна и тој настрадал.

На 9 март 1385 година на сите им биле отсечени главите на Баирскиот рид во близина на Битола и нивните тела биле расфрлани по планината Баба за да им се изгуби трагата и сеќевањето и влијанието кое го имале кај битолчани.

Image result for Свети 40 маченици севастијски Битола

Но народот го зачувал споменот и на местото каде биле погубени изградил црква кое го носи името Свети 40 маченици.Во октомври 2012 година МПЦ ги канонизира новите светци, Свети 40 битолски преподобни маченици

Ова е каменот на ридот каде што им биле отсечени главите

Во 2013 година манастирот Свети 40 маченици беше осветен , а помеѓу битолчани познат како манастир Свети 40 битолски преподобни маченици, по канонизацијата на новите светители во 2012 во Битола.

За овој манастир постојат податоци  дека е посветен и на Светите 40 Севастијски маченици. За нив е следново житие

Image result for Свети 40 маченици севастијски Битола

Свети 40 Севастиски маченици е црква која се наоѓа на Кркардаш во битолскиот Смилевски Баир. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир „Свети Атанасие“. Кога турскиот аскер ја освојувал Битола, калуѓерите од манастирот пружиле жесток отпор борејќи се на тој начин што во едната рака носеле крст а во другата меч. Во чест на овие 40 калуѓери, подигнат е манастирот „Св. 40 маченици“. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта.

 

уредник

Related Posts

Денес е Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Коментарите се исклучени на Денес е Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

(фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Коментарите се исклучени на (фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Create Account



Log In Your Account