Поучна правна басна: Камбаната бие 11 пати само кога умира правдата

Share Button

Баснава, раскажана и во денешно време, делува многу поучно, посебно сега, кога сите ја бараат правдата, кога толку не веруваат во правниот систем и правораздавањето. Нејзе ја слушнав деновиве од поранешниот претседтел на Уставниот суд Махмуд Јусуфи, и верувам дека ќе ви биде доволно интересна, како што ми беше и мене, па решив да ја споделам.

Во едно царство, во кое живеел кралот со своите поданици, едно утро во дворот на црквата влегол некој жител на цартството, кој тажен и речиси расплакан сакал да побара помош од Господ.

Толку бил разочаран, што едвај му одговорил на прашањата на клисарот што му е, што му се случува?

Му одговорил дека на права правдина, го изгубил спорот. Сите докази биле на негова страна, но, ете судиите пресудиле против него. Толку се разочарал, што дошол да побара помош в црква.

Клисарот ја слушал неговата приказна, каде што човекот во детали му раскажал, кој го тужел, кој му судел и како му пресудил и зошто е толку разочаран од правниот систем и правораздавањето во царството.

Откако се уверил во тоа што го кажувал човекот, клисарот му рекол: „јас ќе ти помогнам“.

-Како ќе ми помогнеш ти, обичен клисар, кога одлуката ја донесе судот- рекол човеков.

Еве, ќе видиш, рекол клисарот и почнал полека да го удира клепалото од ѕвоното на црквата.

Во тоа царство имало ред, па доколку починел обичен смртник, клисарот удирал еднаш по црковното ѕвоно. Доколку починатиот бил трговец – два пати. Ако се работело за чиновник три пати. Доколу починатиот бил првенец во градот 5 пати, за судиите и другите голмци по 6 или 7 пати, а доколку требало да се соопшти жалната вест за царот, тогаш црковната камбана требало да бие 10 пати.

И така, клисарот почнал да удира по камбаната, еднаш-два пати, три пати…па кога ѕвоното почнало да чука и натаму, во градот почнало да се слуша, кој е починатиот штом камбанава чука неколку пати. Речиси цел град се кренал на нозе кога камбаната отчукала 10 пати. Сите очекувале вест дека починал царот.

Но, камбаната тропнала уште еднаш и застанала на 11 удари.

Збунети биле сите, па и царот, кој е тој големец, поголем и од него, за кого камбаната бие 11 пати.

Царот веднаш наредил да биде викнат клисарот. Слугите го донеле и на прашањето на царот, зошто чукал 11 пати, кој умрел, клисарот гордо му одговорил: „чукнав 11 пати, бидејќи денеска умре правдата“!

А, за правдата кога умира, таа е и над вас царе и треба да се клепа 11 пати. 

И така, клисарот му ја раскажал на царот приказната со човекот, кој се разочарал што на правдина го изгубил спорот и за него, правдата во тој момент умрела.

Царот, слушајќи го клисарот, наредил повторно да се отвори предметот на човекот и да се донесе пресуда во негова корист.

Така, клисарот со биењето на камбаната ја спасил правдата од смрт!

Наравоучение: Дали во Македонија има клисар?

Svedok. org.mk

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account