НОВИ МОШТИ ВО МАРКОВИОТ МАНАСТИР

Share Button

Божјиот благослов на Марковиот манастир неизмерно му се дарува преку светите мошти на светители, кои по Божјата промисла го наоѓаат своето пребивалиште во светоста на манастирот на светиот великомаченик Димитриј.

Фотографија на Марков манастир / Markov monastery.

Духовната ризница и овој пат е збогатена со последното поклоничко патување на Игуменијата на Марковиот манастир, Илијана.

На патувањето во Австралија, Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посети скитот посветен на Свети Јован Крстител, каде што моштите беа подарени на Марковиот манастир, од страна на старецот Јоаким, монах со руско потекло.

Марковиот манастир се здоби со мошти од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина, кои пострадале за Христовата вера со маченичка смрт, од страна на Арапите.

Фотографија на Марков манастир / Markov monastery.

Во близина на скитот, монахињите ја посетија пештерната ќелија на старецот Гури, основачот на скитот, а сега упокоен во Господа, како и женскиот руски манастир посветен на Казанската икона на Мајката Божја, каде што игуманијата Марија топло ги прими и пречека.

На вчерашната неделна Божествената Литургија во Марковиот манастир, верниците имаа можност да се поклонат на моштите на светителите, кои во нашите молитви ќе ги призиваме како светители, кон кои ги упатуваме нашите молитви за нивно застапништво пред Бога и закрилата за добросостојбата на манастирот и сите кои притекнуваат кон него.

Фотографија на Марков манастир / Markov monastery.

Светите мошти, ќе бидат изложени во параклисот на Светиот Апостол и Евангелист Марко, вброени во богатството од мошти на светители, кое по Божјата милост, се зголемува и достапни се на сите верници кои притекнуваат со верба, во силата и благодатта, која Бог ја излива преку нив.

уредник

Create Account



Log In Your Account