Конзулите во Битола на прошетките кон Тумбе-кафе често ги користеа битолските пајтони

Share Button

Убаво е да се заврти страницата  и кон минатото, бидејќи има човек на што да се воодушевува. И така, додека низ Широк сокак се зборува дека доаѓа живот , за миг да се присетиме на  Конзулската Битола и нејзиниот сјај, животот во минатото и тогашните навики.

Низ битолските  калдрми со пајтоните…читајте на Новост!

Најстариот пајтон во Македонија е пајтонот на Манди Робев од Битола,сега починат а пајтонот наследен од неговиот 64-годишен син Димитар Робев кој пак долги години живее во Данска.

150 – годишниот пајтон на Робеви од Битола

Пајтонот на Робеви е еден од најстарите пајтони уште во постаро време а денес е единствениот останат, зашто е стар преку 150 години, грижливо оддржуван е чуван од Манди, до денес.

Пајтонот е полн и со историја. Токму на него се возел своевремено и таткото на модерната Турција, Кемал Ататурк но и бројните Битолски конзули уредно дотерани униформирани и наредени со секакви светлуцави еполети и срмени гајтани. Налкатени на црвеното кадифе од пајтонот и потпирајќи ги рацете на декорираните бастуни, додека тркалата од пајтонот кружат полека по Битолската калдрма, во достоинствен став, одважно разговараат и само попатно погледнуваат на околината, додека оделе на прошетки кон “Тумбе-кафе”.

А пред еден век во Битола возеле 40 пајтони кои Битолчани ги возеле за специјални пригоди. Во едниот пајтон седеле зетот и невестата, а во другиот чеизот од дифтици, батании, милина, чаршафи за ручање рачно везени. Сите тие парадирале низ “Широк сокак”, за да видат другите колку дарови со себе носи невестата во новиот дом.

Но најмногу од сите ги употребувале мераклиите кои откога ќе фрлеле по некоја чашка повеќе ќе ги натовареле со музичари и право кон некое пенџере од убава Битолчанака за да и пеат серенади до доцна. Така било некогаш во Битола денес е само едниот и последниот од сите пајтони, пајтонот на Робеви.


Конзулите во Битола на прошетките кон Тумбе-кафе често ги користеа битолските пајтони

Напишете коментар