Во недела попладне бара луѓе на Широк сокак? Не ја знаат кафе шемата сите

Немаше ниедна продавница што ми се засвиѓа. Кафе-шема како што се збори, немаше. А бев летно време, недела после 5 часот. Убаво сончево време, а по кафичите никој. Ми се допадна само од семафорот до стадионот. Таму имаше онака убаво за пешачење.

Image result for Широк сокак

Незнам зошто толку многу си го фалите тој Широк Сокак а нема ништо.- пишува на фб посетителка на Битола.

Одговори на битолчаните –

кој будала сакаш да е на кафе во 5 сатот попладне во недела? Во кој град во лето во 5 сатот попладне некој пие кафе? Во Битола и -20 да е кафе се пие во 12 часот на пладне.

Не ја знајте шемата за кафе на Широк сокак во Битoла, градот си има кафе шема…Треба од Битола да си:)

Напишете коментар