Извештај за енормно загадување: Во Битола контаминиран мерач за загадување на воздухот

Извештај за енормно загадување: Во Битола контаминиран мерач за загадување на воздухот

Share Button

Загадувањето на воздухот во Битолскиот регион е толку многу високо што направа за мерење на квалитетот на воздухот по само неколку дена од мерењата се расипала по што морала да биде испратена на чистење.

Ова го тврди Романката Иона Чиута која што е координатор во Мрежата на Југоисточна европа „Bankwatch“ која го истражува аерозагадувањето во овој дел од континентот.

„Во Битола, Македонија, нивото на загадување е толку високо што само по неколку денови филтрите на машината и комората за мерење беа контаминнирани по што мораше да бидат истпратени на чистење и рекалибрација“, се вели во извештај на романската експертка за животна средина.

Според нејзиниот извештај луѓето од Битола и од многу други региони во Југоистична Европа каде што има големо загадување се толку толку очајни што единствен начин да си го заштитат здравјето е да се преселат.

Но и преселбата не е решение ако не се знае точно колкаво е загадувањето во другите градови за кои јавноста смета дека има подобри еколошки услови.

Таа сугерира државните и локалните власти да бидат интензивно фокусирани на мерење на честичките ПМ 10 но пред се на честичките ПМ 2,5 кои што се поштетни. Честичките ПМ 2,5 се полесни и одат подлабоко во белите дробови а во воздухот остануваат со денови и недели. Овие честички можат да патуваат подолго, до неколку стотици километри, што значи дека честичките од Битола не се опасност само за овој град туку за цела Македонија и за Грција и Бугарија.

Колку ЕУ сериозно го сфаќа овој проблем може според романскиот експерт да се види од пресудата на Европскиот Суд на Правдата во Хаг против Бугарија која што не успеала да ги држи под контрола честичките МП 10. Предупредување за мерки од ЕК има добиено и Романија.

Според Чиута состојбата во Западниот Балкан е алармантна и чини многу животи. Во последните 8 месеци додека истражувала во југоисточна европа мрежата „Bankwatch“ утврдила дека земјите од регионот не преземаат соодветни мерки против загадувањето поради што има многу случаи на болести и прерана смрт како индиректна или директна последица.

Според анализите содржани во извештајот на „Европската Еколошка Агенција“ која користи информации  од 2013 година се проценува дека во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија од загадување на честичките ПМ 2,5 починале 18,310 луѓе.

Според Романката најголем парадокс е што сите знаат дека изворите на загадување најчесто се отворените рудници на лигнит јаглен или локации за фрлање на пепел но ништо не се прави за нивно обезбедување.

уредник

Related Posts

Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Коментарите се исклучени на Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Битолските фонтани функционираат безпрекорно…барем засега

Коментарите се исклучени на Битолските фонтани функционираат безпрекорно…барем засега

Скопјани по стапките на Битолчаните „ДОБРО УТРО“ НА ШИЛЕГОВ СО ЗАСАДЕНИ ЦВЕЌИЊА ВО ДУПКИТЕ НА УЛИЦИТЕ

Коментарите се исклучени на Скопјани по стапките на Битолчаните „ДОБРО УТРО“ НА ШИЛЕГОВ СО ЗАСАДЕНИ ЦВЕЌИЊА ВО ДУПКИТЕ НА УЛИЦИТЕ

Create Account



Log In Your Account