При сообраќајна контрола полицијата му нашла марихуана

Share Button

Вчеравечер во 22.15 часот во Струга на ул.„Вељко Влаховиќ” од страна на полициски службеници од струшката полиција бил сопрен автомобил фиат пунто, со охридски регистерски ознаки, управуван од Ј.Т.(20) од Струга.

По извршеното легитимирање и преглед над возилото и возачот, велат од МВР, во најлонска кеса биле пронајдени 15 мали најлонски паковки со непозната зелена тревкаста материја и една хартиена паковка со непозната зелена тревкаста материја во паричникот на Ј.Т..

Од страна на увидна екипа од струшката полиција било извршено фотографирање и истите биле подигнати за понатамошна постапка, а лицето било приведено.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по добиена судска наредба од Основен Суд Струга, извршен е претрес во домот и помошните пристории на Ј.Т.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Напишете коментар