Празник на иконата Одигитрија.Иконата ја изработил на дрво самиот евангелист Лука а Пресвета ја благословила

Share Button

Токму така, како што стои и во самиот наслов, иконата Одигитрија ја изработил евангелистот Лука а ја благословила и самата Пресвета Богородица.

На 9 јули според календарот на МПЦ е празник на оваа икона

Image result for икона Одигитрија

 

Оваа икона ја изработи на дрво самиот евангелист Лука. Кога ја виде, Пресвета Богородица ја благослови. Свети Лука му ја подари иконата на тој Теофил кому му ги пишуваше Делата Апостолски. Подоцна ја пренесоа од Антиохија во Ерусалим, а од Ерусалим ја зеде царицата Евдокија и ја испрати во Цариград до сестрата на царот, кај побожната Пулхерија на дар. Пулхерија ја положи во Влахернската црква, којашто самата ја имаше подигнато.

Еднаш им се јави Пресвета Богородица на двајца слепци и ги доведе до црквата Влахерна пред Својата икона и овде на обајцата им го врати видот. Затоа оваа икона ја завикаа Одигитрија – Патеводителка. Кога војските на персискиот цар Хозрој и на скитскиот цар Каган удрија на Цариград, патријархот Сергиј ја изнесе оваа икона на градските бедеми и ја носеше по бедемите. Тогаш Пресвета Богородица ги спаси христијаните од нехристијаните.

Image result for икона Одигитрија

Непријателските војски се збунија, морето се возмути, корабите потонаа, непријателите што останаа во живот удрија во бегство. Оттогаш е востановен споменот на ова чудо на Пресвета Богородица во саботата на петтата седмица од Чесниот Пост со читање на Акатист.

Image result for икона Одигитрија

Во времето на иконоборството иконата беше пренесена во Светата обител на манастирот Пантократор и таму ја заѕидаа во ѕидот, а пред неа оставија кандило да гори.

Како што ја заѕидаа потоа така и ја најдоа.

подготви:Снежана Анеска

уредник

Related Posts

Манастир Христово Воскресение Црквата на Христос

Коментарите се исклучени на Манастир Христово Воскресение Црквата на Христос

Денеска е празник на иконата „Млекопитателница“

Коментарите се исклучени на Денеска е празник на иконата „Млекопитателница“

Фото на денот:Црква „Св. Ѓорѓи“ – манастирска црква која се наоѓа во близина на битолското село Крстоар

Коментарите се исклучени на Фото на денот:Црква „Св. Ѓорѓи“ – манастирска црква која се наоѓа во близина на битолското село Крстоар

Create Account



Log In Your Account