Света Јоана Мироносица.Ја зеде главата на Крстител и чесно ја погреба

Share Button

10 јули е ден кога според календарот на МПЦ се одбележува празникот на Светата Јоана Мироносица

 Таа е жена на Хуза, дворјанин Иродов (Лука 8, 1). Кога му ја отсече главата на Свети Јован Крстител, Ирод ја фрли на нечесно место. Јоана ја зеде главта на Крстителот и чесно ја погреба на Елеонската Гора, на еден Иродов имот. Дури во времето на царот Константин Велики се откри чесната глава на Св. Предвесник Јован. Света Јоана се спомнува и како присутна при страдањето и Воскресението на Господ. Мирно се упокои.
Image result for Света Јоана Мироносица
Освен  заСветата Јоана мироносица на 10 јули се одбележува и сеќавање на  Свети Сампсон Странопримец

Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош за беспомошните, и духовна и телесна. Патријархот чу за добродетелите на овој човек и го ракоположи за свештеник. Во тоа време се разболе царот Јустинијан Велики и неговата болест, според уверувањето на сите лекари, беше неисцеллива. Тогаш царот Му се помоли на Бога со голема усрдност и Бог му откри во сон дека Сампсон ќе го исцели. Навистина, кога дозна царот за Сампсон, го повика на дворецот и само што старецот ја стави раката на болното место, царот оздраве. Па кога царот му нудеше големо богатство за ова, Сампсон се заблагодари, не сакајќи ништо да прими, а рече: „О цару, имав јас и злато и сребро и други имоти, но с ѐ оставив заради Христа, за да ги стекнам вечните небесни богатства“. Но бидејќи царот настојуваше сепак да стори нешто за него, Свети Сампсон го замоли да му изгради дом за ништите. Во тој дом Сампсон им служеше на сиромасите како родител на своите деца. Милоста кон сиромасите и немоќните му беше како природна. Најпосле овој свет човек, сиот исполнет со небесна сила и добродетел, се упокои мирно на 27 јуни 530 година. Го погребаа во црквата на Светиот маченик Мокиј, неговиот роднина. Откако се упокои, многупати им се јавуваше на оние што го повикуваа на помош.
Истиот ден се споменува и како ден посветен на  Светиот презвитер Севир

 Еве што за тој светите можеме да издвоиме
Живееше во средна Италија. Маж со вонредна светост. Еднаш беше повикан за Исповед и Причест кај еден човек на умирање, а задоцни бидејќи работеше во лозјето. Брзо му пратија вест дека болниот умрел. Сиот исплашен, како да го убил човекот, почна горко да плаче над мртвиот. И за неговата усрдна молитва Бог го оживеа мртовецот. Тогаш Севир го исповеда и го причести, го приготви за христијанска разделба со овој свет. Осмиот ден оттогаш човекот повторно умре.
подготви: Снежана Анеска

Напишете коментар