МВР ги бара насилниците коишто ги оштетија гробиштата во Љуботен

Share Button

Полицијата ги бара насилниците коишто оштетија 34 гроба во скопското село Љуботен. Инцидентот се случил на 10 јули кога телефонски во Единицата за информации и команда при СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Љуботен  се оштетени повеќе надгробни плочи од страна на непознати сторители.

МВР ги бара насилниците коишто ги оштетија гробиштата во Љуботен

Веднаш по пријавата, полициски службеници излегоа на лице место, односно на православните гробишта во близина на црквата „Св.Никола“ во селото Љуботен.  Извршен е увид и притоа е констатирано дека непознат сторител, најверојатно со употреба на физичка сила, насилно искршил и во голема мера оштетил 34 гроба, односно ги искршил мермерните надгробни плочи, прибори за јадења, оставени шишиња, преместил и оштетил надгробни дрвени крстови, метални свеќници, соопшти полицијата.

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека презема мерки и активности во насока на расчистување на кривичното дело „сквернавење гроб“ по чл.400 од Кривичниот законик и по целосно документирање на настанот, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде доставен соодветен поднесок.

уредник

Related Posts

ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: Мајка и син загинаа во пожар

Коментарите се исклучени на ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: Мајка и син загинаа во пожар

Струмичанец заработи кривична, имал сексуален однос со 13-годишно девојче

Коментарите се исклучени на Струмичанец заработи кривична, имал сексуален однос со 13-годишно девојче

Заев: Законот за јазици ќе се донесе до крајот на неделава – одбиена понудата од Мицкоски

Коментарите се исклучени на Заев: Законот за јазици ќе се донесе до крајот на неделава – одбиена понудата од Мицкоски

Сообраќајка кај Ѓавато (фото)

Коментарите се исклучени на Сообраќајка кај Ѓавато (фото)

Create Account



Log In Your Account