Поставен и осветен камен темелник за изградба на црковна административна зграда и трпезарија во храмот СВ Петка , Точила

Share Button

Во црквата Св. Петка во Точила на денешниот христијански празник Св.Апостоли Петар и Павле, беше поставен и осветен камен темелник за изградба на црковна административна зграда и трпезарија, со канцеларија за едукација и развој на манстирскиот туризам. Осветувањето на каментемелникот го изврши Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски Г.Петар, во сослужение со свештеништвото од прилепското архиерејско намесништво.


При оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ја изрази својата благодарност до сите граѓани, фирми, поединци, стопанственици и добронамерници кои помогнаа да се изгради овој храм, со надеж дека верниците ќе помогнат да се дозаврши овој црковен комплекс:

– Со поставувањето на камен темелникот за изградба на административна зграда и трпезарија се заокружува овој убав црковен комплекс во нас.Точила. Тука се предвидени повеќе содржини трпезарија, административен дел за свештенослужителите и едукативен центар за развој на манастирскиот туризам. Општина Прилеп, заедно со МПЦ и Министерството за култура со години наназад вложуваат огромни напори за истакнување и промовирање на најубавото што го има овој предел, манастирите и црквите. Токму овој центар ќе го развива тој туризам – рече градоначалникот, Марјан Ристески.
Објектот ќе се распространува на површина од 240м. квадратни со што ќе се заокружи комплетниот простор на црквата Св .Петка во Точила.

Воедно на денешниот ден, хорот „Светка Петка“ под диригентство на Гоце Секулоски, пред верниците, градоначалникот на Прилеп и Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски Г.Петар, промовираа ДВД за развој на духовниот туризам, „Крепост и Достолепие македонски“ во кое се вклучени 10 прилепски цркви и манастири , кое е прво од ваков тип.

Храмот „Св. Петка“ беше осветена според каноните на МПЦ, со сите црковни обреди, но таа сеуште се гради, доградува, уредува, како внатрешно така и надворешно. Нејзината изградба започна по иницијатива на граѓаните и градоначалникот на Прилеп г-н Марјан Ристески, со средства донирани од граѓаните и разни донатори, бизнис секторот, Локалната самоуправа – Прилеп, од доброволните прилози на голем број добронамерници и почитувачи на верата, а за нејзината изградба беа организирани и неколку донаторски конференции и музичко – спортски настани. Денеска таа претставува еден од највелелепните храмови во Прилеп со која прилепчани се гордеат.

Напишете коментар