Дваесет и двајца заразени со ХИВ во првите 6 месеци годинава,сите се машки

Share Button

Дваесет и двајца заразени со ХИВ во првите 6 месеци годинава. Сите се мажи на возраст од 20 до 49 години. Според податоците од Инситутот за јавно здравје, најголем број се од Скопје а регистрирани има и од Валандово, Прилеп, Гостивар и Тетово. Мажи кои имаат секс со мажи е најзастапената група во новозаразените, а овој тренд е присутен во земјата последните неколку години. Невладините организации велат дека има поголем број на случаи во 2017 што се должи и на поголемиот број на тестирања.

Image result for сида

-Ние се уште сме земја со ниска стапка на ХИВ а најзасегнати се ризичните групи како лица кои инјектираат дрога, сексуални работнички и мажи кои имаат секс со мажи, но кај овие групи стигматизацијата знае да ги одврати. Значи инфекцијата е сконцентрирана кај овие ризични групи и потребна е поддршка за што поголем број на тестирања, вели Елизабета Божиновска, координатор во ХЕРА.

Од невладините организации апелираат на што поголем број на тестирања. Велат дека последната научна студија за инфекцијата направена пред три месеци покажува дека сите заразени кои се на терапија не можат да го пренесат вирусот.

Според евиденцијата во ИЈЗ, за 30 години, односно од 1987 до сега има 338 регистр4ирани случаи со ХИВ/СИДА. Од нив 83 се починати а 255 лица живеат со ХИВ.

Напишете коментар