После ова никогаш нема да посакате да барате партнер преку интернет

Share Button

Дека онлајн состаноците и не се толку наивни, покажуваат искуствата на овие луѓе кои речиси изгореле. Нивните искуства ќе ви остават таков ефект што никогаш нема да посакате да пронајдете девојка/момче преку интернет.

1.Излегов на пијалок со тип со кој се допишував. Ми делуваше сосема нормално (добра работа, интелигентен, забавен). Првото прашање кое ми го упати кога се видовме, беше дали сум за анален секс? Немо го гледав како го испива пијалокот пред да почне да плаче и да се жали поради поранешната девојка, а ми се навали и на рамото додека се обидував да го откачам и да си заминам дома…

2.Запознав маж кој ми изгледаше сосема нормално. Отидовме во кино, а тој цело време говореше за моите стапала, колку според него се убави и секси. Во текот на филмот ме праша дали може да ми го лиже палецот?! Реков: „Дефинитивно не!“. Неколку минути подоцна со сила се обиде да го стави мојот палец во неговата уста. Го удрив по лице и избегав.

3.Апликацијата за онлајн состаноци ја имав само еден ден, затоа што личноста која преку неа ме контактираше ме праша дали може да мастурбира на моите чорапи.

4.Излегов со еден тип кој го запознав преку сајтот „MeetMe“. Се течеше по планот и тој речиси се всели во мојата куќа, во која живеев со детето. А потоа го фатив како ја гледа маицата на мојата дванаесетгодишна ќерка. Раскинавме, а тој „не трепна“. Подоцна слушнав дека е обвинет за сексуален напад на дете, кое беше и помладо од мојата ќерка.

5.Си пишував со едно момче преку „Tinder“ и по само неколку минути ме праша дали би се омажила за него доколку би добила 10.000 долари. Тој беше странец и сакаше да добие американско државјанство. Го одбив, а тој беше во фазон дека многу девојки би го направиле тоа и за помалку пари.

6.Моето прво емотивно искуство после разводот…Запознав тип кој бараше да му испратам голи фотографии од мојата ќерка.

Напишете коментар