Потрагата по слободна клупа низ битолското шеталиште стана забавна игра за дечињата

Во вечерните часови битолчаните се кај градското шеталиште, каде што се бара слободна клупа да седнат и да разговараат патем и да одморат од прошетката низ градот. Најчесто дечињата се оние кои трчкараат низ шеталиштето во потрага по слободна клупа за нив и нивните родители, баби и дедовци.

Фотографија на Snezana Sneska.

Токму за нив за најмладите  потрагата по слободна клупа  стана како нивна забавна игра. И трчајќи така , ќе успеат да наидат на штотуку ослободена клупа, на која веднаш седнуваат и им довикуваат на родителите (или бабите, дедовците) на цел глас , дека клупата е најдена:)Повозрасните пак на ова реагираат – Ете ,дечињата беа побрзи!

Фотографија на Snezana Sneska.

И така продолжува во приквечерието низ градското шеталиште, да се бара клупа слободна. Ладовинка се чувствува во вечерните часови од паркот, и токму затоа најубаво е да се прошета низ шеталиштето па се до Тумбе Кафе.

Фотографија на Snezana Sneska.

И повозрасните битолчани се редовни шетачи , но покрај прошетките тие уживаат и во долгите разбовори. На клупите седнати и малдите а во нивните раце мобилните, при што јасно е дека се вклучиле на фб.

Фотографија на Snezana Sneska.

За убавината на градското шеталиште придонесуваа и младите дрвца кои за жал деновиве беа испокршени.

Фотографија на Oliver Gele Tanasovski.

Во Битола имаме едно од најубавите шеталишта каде што е и паркот, познатите сендвичарим шеќерната волна на стапче, количињата…па се надеваме дека со подигање на свеста , во иднина нема да се уништуваат дрвцата кои се посадени, цвеќињата, чешмите, клупите, корпите за отпадок, бидејќи сето тоа е за граѓаните.

Сепак останува кога сме токму кај шеталиштето да уживаме во трката на дечињата по потрага за слободна клупа, за која едно е сигурно , многу тешко се наоѓа.

 

Напишете коментар