Светско првенство во фудбал: Упатства за преживување

Знаеме дека постојат голем број жени кои го следат Светското првенство, но постојат и голем број од оние кои со душа чекаат тоа да заврши. Кога станува збор за фудбалската треска, мажите најчесто не игнорираат, а иако е тешко да се преживее цел месец на вакво однесување, со овие совети можеби ќе ти биде полесно.

Обиди се да го сфатиш

Ако не ти е јасно во што е работата и поради што е толку залуден – прашај го. Нека седне со тебе да ти објасни зошто фудбалот толку му значи и кога прв пат сфатил дека е заљубен во овој спорт. Одговорот можеби ќе те изненади, па оваа игра и тебе ќе ти стане интересна.

Барај да те вклучи

Многу мажи едноставно претпоставуваат дека нивните партнерки не сакаат да гледаат фудбал и дека им е досаден, а жените претпоставуваат дека нема шанси партнерот да ги вклучи во процесот на гледање, па така меѓусебно се игнорираме во текот на траењето на првенството. Ако сакаш да бидеш вклучена, барај го токму тоа.

Изненади го

Ако се досега си го избегнувала гледањето на натпреварите, а сакаш да се дружиш со твојот фудбалски „полуден“ партнер за време на првенството, секогаш ти преостанува опцијата да го изненадиш и да гледаш меч со него. Научи што е офсајд, прашај ги пријателите да ти ги објаснат основните правила, и изненади го својот партнер со зголемен интерес за неговиот омилен спорт.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account