Facebook може да претстави безжични „Oculus VR“ за 200 долари

Facebook Inc. прави нов чекор во правењето на очилата за виртуелната реалност „Oculus Rift“ во масовнa пазарнa појава. Подоцна во текот на оваа година компанијата планира да претстави поевтин безжичен уред за коj се надева дeка ќе ја популаризира виртуелната реалност по начинот на кој Apple го направи популарен смартфонот, пренесува „Bloomberg“.

oculus

Во моментов хардверот за виртуелната реалност доаѓа до клиентите по два главни канали: евтини очила што ги претвора смартфоните во уреди за виртуелната реалност (како „Gear VR“ на Samsung за 130 долари) и гејмерски платформи од висока класа (како „Oculus Rift“ на Facebook за 400 долари ), кои се поврзуваат со десктоп компјутери за над 1.000 долари.

Новата класа уреди на Facebook е наменет да го премости јазот – уред кој ќе се продава за помалку од 200 долари и нема да има потреба да биде поврзан со компјутер или телефон, велат извори запознаени со развојот. Тој ќе биде претставен официјално следната година и ќе претставува целосно нова категорија.

Слично на тековните производи, новите очила ќе бидат насочени кон игрите, гледање видео и социјалните мрежи, појаснуваат изворите кои не сакаат да бидат именувани, бидејќи темата е доверлива. Уредот со кодно име „Pacific“ личи на покомпактна верзија на „Rift“ и ќе биде полесен од „Gear VR“ на Samsung, вели еден од изворите.

Дизајнот и карактеристиките на уредот не се финализирани и може да настапи извесна промена, но идејата е корисникот да биде во можност да ги извади очилата од чантата и да гледа филмови за време на лет токму онака како што сега може да го прави со телефонот или таблетот.

На конференцијата за програмери оваа година извршниот директор на Facebook, Марк Зукерберг опишува „прекрасен сегмент“ за уред меѓу „Gear VR“ и „Rift“. „Тоа е нешто за што ние веруваме дека ќе постои“, рече тој. Во изјава по мејл портпаролот на „Oculus“ Ален Купер вели: „Ние немаме производ кој ќе го претставиме во овој момент, но сепак можеме да потврдиме дека правиме неколку значајни технолошки инвестиции во категоријата самостојни уреди за виртуелна реалност“.

„Oculus“ го изгради својот прв прототип во 2010 година во времето кога беше финансиран во Kickstarter. Во 2014 година Facebook ја стекна компанијата за околу 2 милијарди долари.

Денес светскиот пазар за VR очила останува мал. Во првото тримесечје хардверските производители испорачале 2,3 милиони уреди според IDC, во однос на 347 милиони смартфони. Проблематичен хардвер, скапи уреди и недоволно содржина се она што ја попречува нивната масовна дистрибуција.

Тоа почнува да се менува, откако втората генерација уреди почнаа да се појавуваат на пазарот. Минатата година Sony Corp. дебитираше со „PlayStation VR“, комплет за 500 долари, од кој има продадено околу 1 милион единици и кој се поврзува со екосистемот од игри и забава на компанијата. Во исто време HTC Corp. и Lenovo Group кои користат Daydream OS на Google, работат на свој самостоен уред и се очекува да го пуштат на пазарите во оваа година. Истото се однесува и за Samsung Electronics Co., кој користи технологија на „Oculus“.

Во моментов Samsung ја зазема челната позиција со околу 22 проценти од светскиот пазар според IDC. „Oculus Rift“ на Facebook е на четвртото место, зад Sony и HTC, со околу 5 проценти од пазарот, или помалку од 100.000 продадени единици, појаснува IDC. За да ги охрабри продажбите, во јули компанијата ја намали цената на својот сет по втор пат оваа година.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account