Запознавање преку интернет – за или против?

Share Button

Судејќи според резултатите на новото истражување, дури 23 отсто од самците својот партнер, со кој честопати и стапуваат во брак, го запознаваат преку интернет.

Онлајн запознавањето повеќе не е резервирано само за „очајните“ самци, туку се препорачува на сите кои трагаат по сродна душа.

„Јавноста се повеќе се свртува кон запознавање преку интернет, бидејќи во многу случаи се покажува како позитивно искуство“, објаснуваат истражувачите кои го спровеле националното истражување за врски во дигиталната ера.

Телефонските интервјуа кои ги спровеле истражувачите опфатиле околу 2.500 возрасни луѓе над 18 години, а прашањата се засновале на темата запознавање во ерата на дигитализација.

Околу 38 отсто од Американците кои моментално се сами и бараат партнер, ги користат сајтовите за онлајн запознавање, се наведува во студијата, а факултетски образованите самци помеѓу 20 и 40 години се најчести корисници на ваквите сајтови. Исто така, седум отсто од корисниците на паметните телефони рекле дека ја користат апликацијата за запознавање.

На состанок со личноста која ја запознале преку интернет излегле 66 отсто од испитаниците.

Денес дури 59 отсто од самците сметаат дека тоа е одличен начин за запознавање на партнер, додека 21 отсто од нив сметаат дека ова е „потег на очајници“.

Кое е вашето мислење за онлајн запознавањето?

уредник

Related Posts

ФЕЈСБУК ДРАМАТА НА ЕДНА СКОПЈАНКА: Се допишувала со лажен лик од Битола, испраќала голи фотографии, следел шок…

Коментарите се исклучени на ФЕЈСБУК ДРАМАТА НА ЕДНА СКОПЈАНКА: Се допишувала со лажен лик од Битола, испраќала голи фотографии, следел шок…

Загатка за генијалци

Коментарите се исклучени на Загатка за генијалци

Create Account



Log In Your Account