На сопругот му најдов девојка за да биде среќен

Share Button

Американецот Мајкл Деви (49) во брак е со Камала (38) веќе 12 години. Пред шест месеци во нивниот дом во Калифорнија се вселила Рејчел (27), девојката на Мајкл, пишува ABC News.

„Го видов изразот на лицето на Мајкл – среќен е“, објаснува Камала и додава дека моногамијата не е за нив. Тројката заедно медитира, се занимава со јога и практикува тантрички секс.

„Имавме многу различни сексуални партнери во текот на годините поминати заедно“, објаснува Мајкл.

Мајкл и Камала имаат шестгодишен син Девин. Ваквите заедници се почесто се среќаваат во САД, велат експертите.

Парот тврди дека без разлика што на останатите им делува чудно, полиаморијата се заснова на љубов и преданост, но со повеќе партнери.

Камала тврди дека не ја прифатила Рејчел од страв да не го изгуби Мајкл, туку за да го исполни својот живот.

Рејчел има дечко Мики, кој живее на Флорида, девојка Талија и љубовник Џејмс, кој има врска и со Камала. Камала уште има и девојка Роксан, со која е во врска веќе две години.

Летото имала афера со колега на Мајкл. Извесно време живееле со уште еден пар.

„Моногамијата е прекрасен договор меѓу две личности кои се сакаат и немаат потреба за други партнери, но луѓето денес до тоа се држат само затоа што мислат дека мораат“, вели Камала, а Мајкл се надева дека еден ден ќе отвори полиаморски хотел.

Терминот полиаморија потекнува од грчкиот збор „poli“ – повеќе и латинскиот „amor“ – љубов, а значи отворена врска.

Новиот тренд им овозможува на луѓето да не морат да се одлучат помеѓу две, три или повеќе љубови. Новиот тренд овозможува одржување на повеќе врски. Циниците би рекле дека станува збор за луѓе кои со дозвола ги изневеруваат своите партнери. А вие?

Напишете коментар