Пукање во угостителски објект во Тетово – застрелан 35-годишен маж

Share Button

Четириестгодишен гостин И.А. во угостителски објект во Тетово испукал два куршуми и го повредил М.А. (35) од тетовското село Гајре, нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница.

– Екипа на СВР-Тетово од разговор со очевидци на настанот информирана е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00:20 часот во објектот женско лице почнало да крши чаши при што од страна на обезбедувањето на објектот биле преземени активности да ја отстранат надвор од објектот. Во тој момент И.А. станал од масата започнал расправија со обезбедувањето и физички ги нападнал, при што обезбедувањето го отстранило надвор од објектот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека откако го исфрлиле, И.А. паднал на асфалт, извадил пиштол, се доближил до обезбедувањето и испукал еден куршум во воздух.

– Лицата од обезбедувањето се обиделе да го спречат во намерата но, тој испукал уште еден куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А. кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Тетово, се вели во соопштението на МВР.

Тој по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Полициски службеници на лице место пронашле две чаури од испукани куршуми, и од И.А. е одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар 7.62мм .

И.А. е приведен во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

уредник

Related Posts

ЈО ќе постапува по заканите за претседателот на ЗНМ

Коментарите се исклучени на ЈО ќе постапува по заканите за претседателот на ЗНМ

Силувачот поради кој девојчето од „25 Мај“ заврши онесвестена во болница, го признал делото

Коментарите се исклучени на Силувачот поради кој девојчето од „25 Мај“ заврши онесвестена во болница, го признал делото

16 годишно девојче од Скопје исчезна

Коментарите се исклучени на 16 годишно девојче од Скопје исчезна

Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

Коментарите се исклучени на Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

Пред да се запише на факултет положил пет испити

Коментарите се исклучени на Пред да се запише на факултет положил пет испити

Цели семејства невработени , гладни, остануваат така, овие мува не ги лази око не им трепнува си вработуваат само свои

Коментарите се исклучени на Цели семејства невработени , гладни, остануваат така, овие мува не ги лази око не им трепнува си вработуваат само свои

Create Account



Log In Your Account