И премногу атрактивни може да биде одбивен сигнал

Самиот изглед на некои девојки на недофатиливост(премногу атрактивни и привлечни) да биде одбивен сигнал. Сите си велат: премногу се мали шансите баш ваква девојка да биде со мене, сигурно премногу услови има за да бидам со неа(самиот атрактивен изглед прави да бидете можеби класа над него).

Image result for флерт
-Голем недостаток од самодоверба и храброст. Се плашат да ви пријдат затоа што можеби претходно некоја го изиграла во секоја смисла па сега повторно се плаши да не ја направи истата грешка па се обидува кога ќе биде сосема сигурен(а за тоа треба многу) да го направи првиот чекор.
-Самата одбивност од некои девојки кои се ај да не речам, (ама ќе речам) “нафурани” дека тие се најдобрите, најубавите, најспособните и се нај, нај…. буквално нарциси… поголема одбивност од ова за едно машко не постои.
-А за тоа кога веќе е во врска некој тип, тука нема што да кажам, најверојатно не сака да си ја уништи врската која ја има, ако не му е убаво многу нормално дека ќе побара друга солуција. На некој од што му е добро не би се осудил да бара замена со нешто друго.
Во секој случак се зависи од личноста и карактерот, пример јас кога сум искочен секогаш гледам да се запознаам со некоја девојка па макар добил и корпа(што не е редок случај) :) зошто потоа знам дека нема да ми биде криво дека барем сум се обидел.
Никако не ве осудувам сите девојки но во денешно време повеќето имаат високи критериуми, за условно речено, “идеален”(нема ништо идеално) дечко така што и тоа може да се рече дека е една причина плус за пасивноста кај машките.

 

Напишете коментар