Машки совет: Како девојка да освои машко

Share Button

Епа девојки нема да имате штета ако добиете и некое машко мислење. :D Вака… јас сум доста слободоумен така што воопшто не би ми пречело тоа ако некоја девојка ми пријде и ми каже дека сака да се запознае со мене… не е ништо страшно или пак невообичаено… 21ви век е и мислам дека нема место за некакви стереотипи за тоа кој треба прв да пријде на некого… едноставно човекот е такво суштество што има потреба од други луѓе и секојдневно да го проширува својот круг на познаства. 

Image result for флерт

Кога сме веќе за тоа како да не освоите.. хмм… па ако ме прашувате мене би ви кажал дека не треба да постојат некои тактики и стратегии за тоа како да стигнете до нас… би навел некои работи што мислам дека ќе ви бидат од корист :)
– Доколку се работи за ситуација негде во кафич/дискотека: долг и упорен поглед (ама онака убиствен :D само како што вие знаете да го направите) проследен со слатка насмевка… ако типот го забележи тоа, само едно ;)и многу нормално дека ќе сфати што е работата така што може и тој прв да ви пријде.
– Ако веќе подолго време го “меркате” типот и ви е прв на листа за освојување распрашајте се повеќе за него од некои подалечни негови другари ама никогаш кај најдобрите зошто се ќе се урне додека сте трепнале. Бидете заинтересирани кои се неговите интереси, па ако во нешто заедничко и се пронаоѓате во нешто, ете ви причина плус некогаш да му пријдете и да отворите заедничка тема за разговор. Со тоа сигурно ќе го погодите.

За вакви ситуации би можел до бескрај да пишувам ама во глобала најважно од се е:
– Бидете секогаш самоуверени, ведри, расположени и пред се на ниво со култура и начинот на говорење-вие сте ДАМИТЕ. Едноставно нека сјајот од вашите очи сам говори за вас. Не се облекувајте и шминкајте претерано нападно(па дури и за искочување) затоа што во повеќето случаи тоа изгледа одбивно(барем за мене) и недофатливо! Бидете природни и оригинални во се што правите. Сигурно дека повеќето ќе го забележат тоа. Дргуго доста важно-бидете закачка на кои не може никој да и одолее…. со тоа ќе покажете дека сте заинтересирани а и ќе го разбудите интересот кај потенцијалниот. Тоа е тоа во кратки црти..
Ако имате некое прашање ви стојам на раполагање. Поздрав и со среќа на сите храбри девојки! :angel:

Напишете коментар