ВО ЗАТВОРИТЕ СЕ ПРОДАВААТ КРЕВЕТИ, МОБИЛНИ И ДРОГА, НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ИТНО ЗАТВАРАЊЕ НА ПРИЕМНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ИДРИЗОВО

Share Button

Итно да се затвори приемното одделение во затворот Идризово, поради нехуманите и деградирачки услови за престој на осудените лица. Ваква препорака денес до Министерството за правда и Управата за извршување санкции упати Народниот правобранител Иџет Мемети, при презентацијата на годишниот извештај за работата на Канцеларијата на народниот правобранител.

ВО ЗАТВОРИТЕ СЕ ПРОДАВААТ КРЕВЕТИ, МОБИЛНИ И ДРОГА, НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ИТНО ЗАТВАРАЊЕ НА ПРИЕМНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ИДРИЗОВО

„Денес ќе обелоденам дека има сериозни појави на корупција. Информациите ги добивме од осудениците, но неформално потврдија и вработените. Во нашите затвори се продаваат кревети, мобилни, па дури и дрога. Место програма за одвикнување имаме информација дека во затворите се регрутираат нови корисници на дрога”, рече Мемети.

Мемети рече дека ова го бараат бидејќи во мал и руиниран простор при нивната посета затекнале 80 осуденици.

„Во ова одделение има три соби, ходник и еден тоалет. Приемното одделение е пренатрупано, па луѓето спијат на картони и душеци во самиот ходник. Просториите се со мувла, тече од таванот, а прозорците се искршени. Сите го користат единствениот тоалет, кој е руиниран, а во него го чуваат и приборот за јадење“, рече Мемети.

Тој кажа дека осудените лица во приемното одделение остануваат и по 2 месеци, но не и оние што можат да платат за побрзо да ги распределат во одделенијата.

„Уште полоша е состојбата ва амбулантното одделение, кое исто е руинирамо, со влага, мувла и инсекти кои шетаат насекаде. Нема доволно кревети па болните одуденици може да изберат или да спијат на под или на кревет но само со пружина, оти нема душеци“, рече Мемети.

Тој додаде дека и храната е лоша и недоволна, а се чува во несоодветни простории, па ако роднините не им носат храна на осудениците ќе бидат гладни.

Мемети рече дека ноќта меѓу 16 и 17 од прифатниот центар Табановце полицијата сосила извлекла 18 мигранти. 10 ги протерала кон Грција, а 8 избегале во околните села. Во моментов, луѓе од Канцеларијата на Народниот правобранител се на терен и проверуваат дали се вистинити информациите, како и тоа дали полицијата употребила сила при извлекувањето.

изворСДК,мк/

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account