Награди, признанија и заслуги на битолчанецот отец Партениј,Бигорски манастир

Share Button

Архимандритот Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола. Тој е актуелен игумен на Бигорскиот Манастир. Основното училиште го завршил во „О.У. Тодор Ангелевски“, средното образование го стекна во Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, Скопје, а потоа школувањето го продолжил на Теолошкиот факултет, исто така во Скопје, каде што подоцна и дипломирал. Во периодот помеѓу 1990 – 1995 година во неколку наврати ја посетил Света Гора, при што извесно време и живеел таму, како искушеник во манастирот „Григоријат“, каде што црпел од вековното духовно искуство на прекрасната православна традиција. Во 1995 год. тој доаѓа во манастирот посветен на св. Јован Крстител – Бигорски, каде што го посеа преизобилното семе на Светото Предание, стекнато во светогорските манастири. Така во 1995 год. отец Партениј најпрвин е замонашен во овој манастир, а потоа, на празникот посветен на св. Климент Охридски, истата година е ракоположен и за јеромонах. Во 1997 год. тој добива чин игумен, а во наредната год. е произведен во архимандрит.

 

Награди и признанија

Заслуги

  • Возобновување на монаштвото во Бигорски Манастир и Манастирот Рајчица.
  • Возобновување на манастирскиот комплекс Рајчица (Изградба на нови конаци и придружни објекти)
  • Возобновување на манастирскиот комплекс Бигорски (Изградба на нови конаци ,придружни објекти,скитови и параклиси)
  • Изградба на манастирскиот скит Св.Серафим Саровски во овоштораникот на Бигорски Манастир.
  • Изградба на црковното одморалиште во Битуше во чии состав се наоѓа црквата Свети Кирил и Методиј
  • Воведување на реткиот занает изработка на митри во манастирот Рајчица.
  • Добивање на свети мошти на над триесет светители меѓу кои и мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец,Свети праведни Јоаким и Ана,Свети Никола и др.
  • Од возобновеното монашко братство на Бигорски Манастир по благослов на отец Партениј произлезе Митрополитот Јосиф Тетовско-гостиварски духовно чедо на Архимандрит Партениј.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account