Се пробива горниот дел од поранешната касарна за да се изгради потполно нова инфраструктура

Share Button

Се  пробива  горниот  дел  од  поранешната  касарна за да  се  изгради потполно нова  инфраструктура. Денеска  беше  извршено  минирање на  карпестиот  дел во  Арм 2 во новата населба  „Златен Рид“ каде  Комуналното  јавно претпријатие  „ Нискоградба“ треба  да постави фекална канализација. Ова е  еден  од  поголемите зафати на општина  Битола, вели  градоначалникот  Талески.Правиме  нова  инфраструктура,претворајќи ја  трасираната  патека во улици  кои на инвеститорите  ќе им овожможат да дојдат до своите  домови  кои ги градат.

Во Арм 2, горниот дел  од  касарната , ќе има  три  сосема  нови улици на сосема  нов терен, на кои  Комуналното Претпријатие  „Нискоградба“  ќе изгради фекална  канализација.

Овој проект  општина  Битола  ја  чини 3 ипол  милиони евра, од  кои општината има  одделено 2 милиони евра  од сопствен  буџет

За неколку недели се  очекува  да завршат инфраструктурните  зафати во долниот дел од касарната . Таму моментално 9 фирми градат свои објекти кои  наскоро  ќе добијат нови  улици, водоводна мрежа, канализација и осветлување.

Mega

уредник

Related Posts

ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

Коментарите се исклучени на ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

Create Account



Log In Your Account