Рекле дека не кријат ништо – „паднаа” со дрога на Табановце

Share Button

Полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење марихуана на излез од Македонија кон Србија.

Image result for marihuana

Како што соопшти полицијата, во 22 часот на „Табановце“ дошле 30-годишниот М.С. и 31-годишниот К.Г. со патничко возило „Опел Астра“, двајцата од Скопје. По граничните проверки, биле повикани на дополнителна контрола при чие спроведување, под задните тапацири во возилото, е пронајдена марихуана во 25 пакувања од по околу 12,5 килограми.

Лицата се приведени и предадени на инспектори од МВР при СВР Куманово за натамошна постапка, а од страна на крим-техника е извршен увид и документирање на настанот.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account