Сите се за октомвриски локални избори и сите се надеваат на победа

Ниту една од политичките партии засега не ја споменува можноста од повторно одлагање на локалните избори. Напротив, сите се за октомвриски локални избори и сите се надеваат дека токму нивните кандидати за градоначалници ќе ја добијат довербата од граѓаните.

Изборите треба да се одржат во првиот дел на октомври како што е предвидено со Изборниот законик, и околу ова не треба да има разни одолговлекување од страна на различни политички субјекти, изјави вчера Фадил Зендели од движењето Беса.

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмали изјави дека неговата партија е подготвена за претстојните локални избори и очекува претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише изборите како што најави, на 6 август за да се одржат на 15 октомври.

„ДУИ е подготвена за изборите. Направени се сите неопходни подготовки во партијата за локалните избори во октомври. Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори ќе раководат со општините во кои и денес одговорноста за раководење е нивна“, рече Исмаили и најави дека за октомвриските избори ќе дадат шанса и на нови кадри.

И од Алијанската за Албанците велат дека на локалните избори очекуваат позитивен резултат.

„Сигурни сме дека на овие избори ќе имаме подобар резултат од тој што го имавме на минатите избори. Спремни сме за локалните избори, работиме во избирањето на кандидатите кои би нѐ претставиле така како што треба во локалната власт и се надеваме дека резултатот ќе биде задоволителен“, рече Сурија Рушити од Алијансата за Албанците.

Засега ниту една од партиите не излезе со нивните кандидати за градоначалници. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека за да се запазат роковите, за да се гласа на 15 октомври, локалните избори треба да бидат распишани најдоцна до 6 август.

Од СДСМ велат дека на локалните избори нивната коалиција уште поубедливо ќе ја потврди победата на последните парламентарни избори.

И опозицијата, на чело со ВМРО-ДПМНЕ не помислува на ништо друго освен на победа на локалните избори. Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пред два во Апелацискиот суд, образложувајќи ги своите мотиви зошто не сака да бега од земјава по обвиненијата од СЈО, тој рече дека се подготвува за победа на локалните избори и за враќање на власт.

MKD.mk

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account