Голф излета од пат кај Карбинци, момче тешко повредено

Дваесет и две годишниот Д.В. од село Аргулица е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 18:30 часот се случила на регионалниот пат Карбинци-Штип.

-Д.В. управувајќи со автомобил „Голф“ со штипски регистерски  изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што се здобил со тешки повреди, информираат од полицијата.

Момчето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во штипската болница, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account