Инспекторите ја затекнаа празна градинката во која децата учеле молитви

Share Button

Министерството за труд и социјална политика денеска изврши уште еден вонреден инспекциски надзор и увид во објект на ул. 173 бр.8 во Чаир, врз основа на сознанијата за постоење нелегална установа со назив ,,Блета’’, која згрижувала деца од предучилишна возраст и вршела воспитание од верски карактер.

„При инспекцискиот надзор, во посочениот објект не биле затекнати деца, ниту, пак, вработени лица, а надворешниот изглед и уредувањето на дворот упатуваат дека таму се одвивале активности од воспитувачко-згрижувачки карактер“ – соопштија од МТСП.

Од таму велат дека испратиле официјално известување до Министерството за внатрешни работи во врска со минатонеделниот увид во неколку објекти, кој беше извршен на 21 јули, а во текот на денот ќе го достави и записникот од денешниот надзор.

Извор: Фокус.мк

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account