РАЗРЕШЕНИ БИТОЛСКИ ДИРЕКТОРИ

Share Button

Деновиве во Битола се разрешени директори

СТАРО-НОВ ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ВО БИТОЛА

Тони Деспотовски од сега ќе биде директор на Центарот за социјална работа во Битола, дознава Новост. Имено, Деспотовски  беше  долгогодишен работник во Центарот за социјални работи во Битола но во времето на  техничката Влада, средината на февруар 2016 година,  од страна на тогашната министерка  за труд и социјална политика Фросина Ременски, беше назначен за директор на битолскиот Центар за социјални работи.

Сегашната нова Министерка за труд и социјала Мила Царовска, повторно го назначи Тони Деспотовски за директор на оваа институција бидејќи најдобро е на ова место да се постави  директор  кој ќе биде човек кој има искуство во социјалната заштита.Така Деспотовски е старо-нов директор  Овој избор на професионалец во својата работа го  потврди и претходната министерка за социјала, Фросина  Ременски.Веќе неколку денови на директорското столче не седи Виолета Гаџовска која беше директорка подолг временски период  во битолскиот социјален центар, дознава Новост.

Освен во Центар за социјала во Битола, разрешена е уште една битолска директорка

ЈУ ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА – БИТОЛА ИМА НОВА ДИРЕКТОРКА

Фотографија на Sonja Ilijevska.

(фото Соња Илиевска новата директорка на Мајчин дом во Битола)

Досегашната директорка на Мајчиниот дом во Битола Наташа  Младеновска Лазаревска е разрешена а на нејзино место е назначена Соња Илиевска дознава Новост .

Имено, Лазаревска првично беше разрешена  во времето на техничката Влада, од тогашната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски. И тогаш на  12 јануари 2016 година на директорското место од страна на тогашната техничка министерка Ременски за нова директорка беше назначена Соња Илиевска. Деновиве како што дознава Новост од свои добро упатени извори од новата Министерка за труд и социјална политика , Мила Царовска за дирекоторка на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца е назначена Соња Илиевска и спаѓа во старо-нова директорка.

Разрешување имаше и во СВР Битола 

Image result for свр битола

 

Како што веќе ве информиравме разрешувања имаше и во МВР.Славко Јовановски е старо нов началник на СВР Битола бидејќи беше поставен за началник и во претходниот мандат на Оливер Спасовски.Јовановски тогаш беше началник до Нова Година но од Нова Година на тоа место продолжи Методија Атанасовски .  Славко Јовановски повторно седна на началничкото столче при СВР Битола

подготви: С.Анеска

уредник

Related Posts

Јоци за битолската градоначалничка и нејзиниот брат: ВМРО падна, вие многу побрзо

Коментарите се исклучени на Јоци за битолската градоначалничка и нејзиниот брат: ВМРО падна, вие многу побрзо

Тешки последици, 12.12.2000 Детски дом ,,25 Maj”

Коментарите се исклучени на Тешки последици, 12.12.2000 Детски дом ,,25 Maj”

Create Account



Log In Your Account