Три лица осомничени за убиството во населбата „Радојца Новичиќ“

Share Button

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Наум.С. ( 79), Зоран.С. (45) и Дарко.С. ( 24) сите од Охрид. Тие се товарат дека учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир што се случи вчера попладне околу 17 часот и 30 минути, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, во кое од здобиените повреди Спасе Груески (58) колабирал и починал на местото на настанот.

Како што соопшти полицијата, најпрвин се случила жестока вербална расправија помеѓу Спасе и пријавениот Наум во која се вклучил и 29-годишниот син на сега починатиот. Инцидентот ескалирал во тепачка во која по кратко време се приклучиле пријавените Зоран и Дарко кои со физичка сила му нанеле повреди по главата на Спасе, од кои тој починал.

Жителите на населбара „Радојца Новичиќ“ беа вознемирени од немилиот настан. Кажаа дека дека семејствата се познавале, но не знаеја која била причината за крвавата пресметка.

-Кога дојдов тука полицијата приведуваше некого. Слушнав дека некој со со нешто го удрил Спасе по што тој починал. – изјави повозразна жителка на населбата.

Немилиот настан во кој едно лице беше убиено, денеска е главна тема на разговор во Охрид.

-Секако дека сум вознемирена, ова е немил настан. – рече друга жителка, на која полинатиот и бил роднина.

 

-Немам информација дали семејствата имале недоразбирања, ги познавам и едните и другите, вознемирен сум – додаде жител на населбата.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account