Врховен пресуди во корист на СЈО за притворот на Талески, но ќе се брани од слобода

Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд го уважил барањето  за заштита на законитоста  на Специјалното јавно обвинителство против битолскиот градоначалник Владимир Талески во случајот „Транпортер“. Констатирана  е повреда на законот, но во полза на обвинетиот. Оваа вест за  порталот „Судство.мк“ ја потврди  претседателот на Врховниот суд , Јово Вангеловски.

Ова практично значи, дека највисокиот суд во државата утврдил  дека пониските судови направиле суштински повреди, но со оглед на тоа што Талески не е во притвор,тој останува да се брани од слобода, бидејќи законот ја дозволува само поповолната варијанта за обвинетиот. За СЈО, пак, прифаќањето на нивното Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) е  морална  сатисфакција.

Битолскиот градоначалник е провообинет во случајот  “Транспортер“, за злоупотреба на буџетски пари  во вредност од 360.000 денари поради незаконски  организиран  автобуски превоз. Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании организирале превоз за учениците во општината, за кој од СЈО на тематската прес-конференција  рекоа дека бил „поскап и од оној во Токио“.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.

Минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече  на Талески  домашен притвор, кој два пати беше продолжуван. По три месеци поминати во куќен  притвор, Апелациониот суд во Скопје ја укина оваа мерка  и досуди поблага мерка на претпазливост, односно нему му беше наложено секој понеделник и петок да се јавува во битолиот суд.

Предметот „Транспортер“ влезе и во судска фаза.Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство против 21 лице, меѓу кои е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Предметот е распореден кај судијката Лидија Петровска, чие име се споменуваше во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата и стана позната како јавноста како „сваровски“ судијка. Терминот за одржување на главна расправа е закажан кон крајот на месец септември.

Обвинението за  предметот „Транспортер“  е покренато  уште во април,но со оглед на големиот број обвинети,на Судот му требаа повеќе од четири месеци да го распореди .

Врховниот суд се уште не ја објави одлуката по барањето за заштита на законитоста за градоначалникот на Пустец,Едмонд Темелко,а деновиве конечно го доби комплетирано БЗЗ-то  за  Звонко Костовски од случајот “Пуч“,кој по направената спогодба со обвинтиелството  доби тригодишна затворска казна.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account