Заев: Договорот е основа за добрососедство и пријателство, европската иднина и е потребна на Македонија

Заев: Договорот е основа за добрососедство и пријателство, европската иднина и е потребна на Македонија

Договорот со Бугарија е основа за добрососедство и пријателство, европската иднина и е потребна на Македонија, изјави на денешната прес конференција претседателот на Владата Зоран Заев и најави дека договорот детално ќе биде објавен на станата на Владата на Република Македонија, не прецизирајќи кога ќе се случи тоа.

„Владата синоќа на седница го прифати извештајот за извршените преговори за текстот на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Го прифати текстот и донесовме одлука договорот да биде потпишан. Овој договор е во согласност со националните интереси на Репувлика Македонија. Договорот е одрз на новиот дух на политичари кои градат мостови, а не рушат. Решени да водиме политики кои решаваат проблеми, а не создаваат. Од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја. Договорот е основа за добрососедство и пријателство, ќе помогне за патната и гасната инфраструктура, ќе ја унапредиме трговската размена“, изјави Заев.

Додаде дека Бугарија го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО без услови и земјата е подготвена да ни ги пренесе искуствата од европските интеграции.

„Европската иднина и е потребна на Република Македонија. Македонија со потпишување на овој договор одговара на надежите на Европа за зрел регион подготвен да се носи со сите предизвици. Оваа Влада го финализираше процесот за почнат во 2009-та година. Имавме конструктивна дебата во Собранието, очекувам опозицијата да даде поддршка на овој договор. Минатото и историјата ги поставуваме како темел за иднината“, заклучи Заев.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account