Нови детали за пациентите кои починаа на Инфективна

Нови детали за пациентите кои починаа на Инфективна

Share Button

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање… На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника.

Тој посочи дека починатите се од машки пол и на возраст од 50 и 23 години кои дошле со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање…

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.

Нагласи дека во Клиниката нема карантин, туку има изолација на четворицата хоспитализирани лица и нема место за грижа и паника во јавноста.

уредник

Related Posts

Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

Коментарите се исклучени на Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

Create Account



Log In Your Account