Ќе се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори

Share Button

Владата на вчерашната седнива го усвои предлогот за именување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, со кој се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година.

Ќе се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој е донесен во 1998 година, е утврдено дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и другите текстови наброени во овој закон, задолжително треба да се лекторираат. Со Законот е утврдено дека лекторирањето може го да врши лице кое има лекторска лиценца, што ја дава Министерството за култура, по положен испит. Со Предлогот на законот се пропишува постапката и начинот на полагање на испитот за добивање на лекторска лиценца.

Целтa на предлог-законот е создавање на нормативна основа со која се пропишува постапката и начинот на полагање на испитот за добивање на лекторска лиценца.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account