Драгор низ Битола-гравура од 19 век

Драгор низ Битола-гравура од 19 век

Share Button

Драгор (поранешно име: Макофро) — река која тече низ Битола. Настанува од повеќе помали реки. Изворишниот дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Pека и Клисурица. Во горните планински делови Драгорот минува низ селата Дихово иБратин Дол, а во долните делови сред Пелагонија (надморска височина од 576 м), се влева во Црна Река1 км северозападно од селото Новаци.

Драгор во 1902 г. на осмалиска разгледница

Вкупната должина на Драгорот изнесува 25 км, со обем на вододелницата од 67 км, слив од 188 км2 и среден пад од 17,0%. Максимални месечни водостои и протоци реката Драгор има во априли мај поради пролетните врнежи и топењето на снегот на Пелистер, додека од јули до септември се jaвyвa минимум водостоj.

Само горниот тек на Драгорот има добар квалитет и биолошка разновидност. Од Битола до утоката во Црна Река Драгорот е без никаков жив свет поради индустриско загадување на водата.

Драгор низ Битола – гравура од 19 век

Во 1896 коритото на Дрaгoрот низ центарот на градот било регулирано со кejoви во должина од 3,5 км., длабоки повеќе од 4 м, и потоа со мостови и камени каскади.

Фотографија на Novost.

Во 1962 градот бил поплавен и се стравувало дека ќе се случи катастрофа, доколку се случеше прелевање на водата која достигнала ниво до мостовите во градот. Сосема спротивно од тоа, во октомври 1966 се случило коритото да е сосема суво. Поради ваквите случаи, од 1983 со изградбата на доводниот собирен канал на води за Стрежевското Езеро се регулира нивото на водата во речното корито на Драгорот.

 

уредник

Related Posts

Рангелова жестоко кон Царовска:Поднесете оставка не само фаци да ми правите.Tри дечиња од „25 Мај“беа силувани а вие само смејте се

Коментарите се исклучени на Рангелова жестоко кон Царовска:Поднесете оставка не само фаци да ми правите.Tри дечиња од „25 Мај“беа силувани а вие само смејте се

Сиромаштија на сите страни: ФБ статус кој ги потресе социјалните мрежи

Коментарите се исклучени на Сиромаштија на сите страни: ФБ статус кој ги потресе социјалните мрежи

Create Account



Log In Your Account