Зандан Куле – Битола

Image result for Зандан куле

Зандан-Куле. Овој споменик и денес му пркоси на времето како потсетување на некогашните бурни настани што се одиграле во овие краишта. Градено е во XVII век.  Има многу интересна градба, особено нејзината внатрешност. Служела за приватни цели, за заштита од напади или од крвна одмазда. Според пишаните извори може да се види дека нејзин сопственик бил муфтијата од Битола од 1628/29 година Хаџи Махмуд- ефендија. Тој овој објект го изградил во дворот на неговиот чифлик.

Во неа се влегувало само со помош на подвижни скали. Приземјето се користело за женските членови на семејството. Имало и сутерен за намирници како и бунар за вода. Најубав бил катот кој служел за живеење. Под покривот има тесни окна пушкарници за одбрана од напаѓачи. Тука биле затворани востаници и затоа народот овој објект и денес го вика “Зандан- куле“.

Зандан куле — објект што се наоѓа во југозападниот дел на Битола, поточно во дворот на основното училиште „Стив Наумов“

Градена е од обичен камен и е мала по димензии.  Во основата е квадратна, со влез на височина од 1,5 метар. Прозорците се тесни и со железни решетки.

С.А

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account