За луѓето денес

Share Button

Луѓето се променливи како ветер. Денес се со тебе , а утре против тебе. Кој може ветрот да го запри и кој може на светот се да погоди? Ако на секого гледаш да му угодиш според неговата воља сигурно дека за себе ќе си направиш невоља а и неможеш да станеш овде подобар кога некои ја испиле сета филозофија.
Евангелието кажува – Премудроста е за простите. Ќе бидат пред светот НИШТО за пред Бога да бидат се. Вистината е вечна,и секој кој се држи до вистината таа ќе го чува во животот и самиот Господ рекол – јас сум животот, патот , вистината
Свети Исак Сирин во десеттиот век рекол – Одвај да се најде некоја душа која искрено го љуби Бога. Да бидеме искрени кон Бога како сами преде себеси. како што не можеме да се одрекнеме само од себе така и Господ неможе да се одрекне од нас затоа што ние сме Негово творештво
Христијанската вера не учи на смирение, послушност.
Во Русија расте духот на верата. Ќе даде Бог и кај нас,само мораме да се молиме затоа што многу оладивме и нашата вера мора да порасте и да биде се поцврста и поцврста затоа што Господ е секогаш со нас
отец Тадеј

Фотографија на Novost.

Напишете коментар