СВР Битола поднесе кривични за вработени во АД „Електарани“- подружница РЕК Битола

Share Button

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ј. (40) од Битола, вработен во АД „Електарани“- подружница РЕК Битола, како одговорен инжињер во надворешна експлоатација, М.К. (63) од Битола, магационер, С.Л. (61) од Битола, магационер, Н.Ч. (34) од Битола, ракувач на погонска станица, Д.П. (41) од Битола, ракувач на погонска станица и против  Е.К. (32) од Битола, ракувач на погонска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, додека против В.Т. (61) од Битола, возач на автобус, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување“. Прво, второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот несовесно постапувале при вршење на своите работни обврски, постапувајќи спротивно на донесениот заклучок на Стручен колегиум од 08.10.2015 година и процедура за раздолжување и контрола на потврдите за наточено гориво, според која вработените требало секојдневно да се раздолжуваат со сметките за гориво и да вршат контрола. Иако биле должни да го известат раководителот за забележаните аномалии во текот на работењето при прием или издавање на гориво, тие не го направиле тоа, со што предизвикале штета на правното лице во висина од 150.000 денари. В.Т. во март и април 2017 година, според мониторинг системот на РЕК Битола, го управувал минибусот соспственост на АД Електрани – подружница РЕК Битола и при тоа редовно танкирал гориво во главниот и помошниот резервоар за гориво со капацитет од 25 литри нафта сместен во задниот дел на автобусот која не ја користел за парно греење во возилото, со што противправно присвоил 200 литри нафта и се стекнал со имотна корист од 8.000 денари

Image result for полиција

уредник

Related Posts

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Коментарите се исклучени на Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Во тегли за ајвар скопјанец криел марихуана

Коментарите се исклучени на Во тегли за ајвар скопјанец криел марихуана

Тепачка во Центарот за бездомници во Чичино село

Коментарите се исклучени на Тепачка во Центарот за бездомници во Чичино село

Create Account



Log In Your Account