Камен-темелник на црква, која ќе го носи името „Св. Тројца“, е поставен денеска во велешкото село Иванковци

Камен-темелник на црква, која ќе го носи името „Св. Тројца“, е поставен денеска во велешкото село Иванковци.

Поставен камен-темелник на црква во велешко Иванковци

Овој христијански обред на поставување камен-темелник на црква го изведе митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Епархијата Повардарска.

Црквата ја гради ктиторот Грозде со семејството по потекло од Иванковци, а кој живее во странство и со подршка од жителите на Иванковци и Епархијата Повардарска од Велес.

Прота-ставрофор Славе Јованов истакна дека ова е голем ден за жителите од ова населено место во кое првпат се гради црква и воопшто православен христијански храм.

Напишете коментар