Tемператури над 40 степени, Македонија во жолта фаза

Share Button

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време, информираат од УХМР.

– Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9, информираат од УХМР.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а во петок и во сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Во сабота кон недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Напишете коментар