Нови пожари се шират низ Македонија.Активен пожар има и на падините на Горна Јакупица кај Велес

Надлежните смируваат, огнената стихија во атарот на Требовље и во околината на Македонски брод не стивнува. Дванаесет дена жителите од Поречието живеат во страв и агонија бидејќи високите температури и ветрот брзо го шират пожарот.Екипи на противпожарните служби и мештаните неколку дена се борат со огнените јазици. Вклучена беше и Армијата.Граѓани апелираат за помош.

„Состојбата и натаму е загрижувачка. Пожарот се проширува преку планината Сува Гора со огнени јазици од 40 метри и оди во насока на околмите села. Граѓаните се исплашени.“ – вели Златко Петровски, претседателот на меснате заедница.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен дејствуваат два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а се очекува активирање и на два хелихоптера на АРМ. Пожарот го гасат и екипи на територијалните противпожарни единици, армијата, доброволци и локалното население, а денеска на помош пристигна и хеликоптер МИ17 од Бугарија со екипаж од 12 лица кој веднаш е упатен на терен.

Активен пожар има и на падините на Горна Јакупица кај Велес каде е зафатена мешана шума На територијата на Град Скопје денеска нема регистрирано активни шумски пожари. Пожарот што избувна вчера во селото Орман во општина Ѓорче Петров е локализиран.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account