Пожарите и понатаму активни, од Македонски Брод пожарот се префрли кон Гостиварско

Share Button

Пожарите во Македонија секојдневно никнуваат како печурки, а печурката од видот Смрчак една од причините заради која се потпалуваат шумите. Се продава и до 2.000 денари за килограм, а расте на изгорена површина. По, пожарите ќе се тргува и со дрвјата бидејќи не се оштетени, вели директорот на диркецијата за заштита и спасување според кого финансискиот ќар е причината заради која се палат шумите. Салиу бара помош од шумската полиција и МВР.

Повеќе патроли и забрани за движење за да се спречи човечкиот фактор кој ги предизвкува пожарите. До сега никој не е приведен ниту, пак, е покрената кривична пријава, а по 10 дена огното од с.Требовље преку селата Растеш и Лутоец околу Македонски Брод се движи кон Гостиварско. Од Центарот за управување со кризи птоврдуваат дека Македонија е под оган. Гори во Зелениково и Радуша во Скопско и Кривогаштани.

Штетите се неколку илјади хектари шума, а само двесте во Кочанско Оризари. Два авиони и хеликоптер гаснат во поречкиот регион, а од земја луѓето и механизацијата не дозволуваат огнот да преоѓа од рид на рид. Еднаш изгасната локација се распалува повторно, а ветрот и високите температури го шират на околу. Службите не треба да очекуваат помош од природата, бидејќи метреолозите велат дека дожд може да се очекува дури наредниот викенд. 

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account