Имаме Рајска Градина сега, така велат, ама пак нема каде битолчани да ги освежат белите дробови од отровите што секојдневно ги дишат

Share Button

Ете, сега имаме рајска градина барем така сите велат ама пак нема каде битолчаните да си ги освежат белите дробови од отровите што ги дишат. И како  се одвиваат работите се  ни е во мислите а ништо во реалноста и тишината и град без метеж и среќни насмеани луѓе. Весел детски џагор задоволни ликови, безгрижност. Секој се буди и заминува на работа весел за достојната плата,не се грижи не должи никаде, оти сега сме пренаменети во рајска градина..ама во нашите мисли само.Сите еднакви, сите среќни сите нахранети

Image result for рајска градина

Што е уште поубаво, немаш никакви грижи и не те мачи никаква болест, алергија или болка, бидејќи, нели, се наоѓаш во рајска градина. Со сите свои сетила уживаш во убавината што те опкружува. Не можеш да се изнагледаш на живите бои на цветовите, блесокот на водата и прекрасните зелени нијанси на лисјата и на тревата кои ги има во изобилство сега низ Битола.Кога излегуваш низ градот те занесува чистиот воздух и блескаш затоа што никаде нема ни едно ливче а камо ли отпадок расфрлан. И Драгор блеска, улица без ни една дупка, река граѓани брзаат на своите добро платени работни места. Кратко кажано живот за сите.

Во државата во која горе – долу веќе се е направно, недостигаше само уште едно такво место во кое луѓето ќе заборават сосема кои се, од каде се и зошто дошле. Ете тоа нека биде Битола нели беше козулски град па и сега можиме да си веруваме дека е рајска градина.

Можеби тука, покрај Црна, ќе се гради паркот во кој жителите на Битола, Новаци, Могила ќе одат како на рехабилитација, да ги освежат белите дробови од отровите што секојдневно ги дишат,за да се задоволни  во сегашнава рајска градина

Гледано од таа перспектива, изградбата на Рајската градина, можеби и не изгледа толку налудничаво. Секоја религија си има свои видувања на градината во која живееле Адам и Ева, но за сите заедничко е верувањето дека ја изградил соодветниот Бог. Оттаму, “и овие наши богови”,  , можеби ќе се сетат  на кутрите” безгрижни” битолчани, “со најврвно здравје” и со “највисока бројка на вработени” во државата. Можеби ќе се сетат, а ако не се сетат во мислите ќе си живееме исто како да сме во рајска градина

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account