Стојанче Ангелов се враќа во МВР

Share Button

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил потврди дека ја прифатил понудата на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се врати назад во МВР.

Фотографија на Стојанче Ангелов.

-По долго размислување, во согласност со препораката на раководството на “Достоинство“, откако го известив врвот на коалицијата “ВМРО за Македонија“, одлучив да го прифатам предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се вратам назад во МВР.

Заедно со мене назад во МВР се враќа и мојата сопруга Јасминка Ангелова која таму работеше повеќе од 14 години, сѐ до март 2015 година, кога поради нечовечен однос кон неа, самата одлучи да си даде отказ и го напушти МВР.

Моето враќање во МВР е на професионална основа, се темели на моето 25 годишно присуство и искуство во областа на безбедноста, моето 16 годишно работно искуство во МВР од кои 7 во Единицата за специјални задачи “Тигар“ и не е условено со политичка соработка.

Длабоко во себе верувам дека одвнатре, од МВР, со мојот авторитет и со моето полициско, политичко и интернационално искуство ќе можам да му помогнам на министерот Спасовски во неговата намера да го издигне МВР во една чесна, високо професионална и респектабилна институција, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account