Македонија гори, се чека реакција на Владата.Пожарите во Македонија продолжуваат да се шират неколку куќи изгореа

Пожарите во Македонија продолжуваат да се шират. Членот на Kомитетот за управување со кризи, Златко Петровски, информира дека неколку куќи изгореле поради пожарот и дека жителите на тие места се евакуирани од Армијата.

Image result for пожар

Според Петровски, ниту еден член на Управата за заштита и спасување, не е на терен. Тој додава дека кризата може да се реши само со прогласување на вонредна состојба во оваа зона и со помош од странски земји.

Во меѓувреме, се појавија и помали пожари на неколку локации и еден поголем пожар кај Патишка Река. Екипи на управата за заштита и спасување успеале да го изгаснат пожарот кој се појави во таа зона завчера, како и пожарот во село Моране општина Студеничани.

Директорот на управата за заштита и спасување, Шабан Салиу, рече дека на располагање имаат три авиони и 3 хеликоптери и тоа еден од АРМ, еден од Турција и еден од Бугарија.

Инаку, многу села во Македонија останаа изолирани и без електрична енергија поради огромните штети од пожарите.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account