Високи температури од портокалова фаза и утре во цела Македонија.Во Битола денеска до 39 степени

Територијата на целата држава и утре ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза според најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за здравство, кое препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години, а сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.

Министерството за здравство препорачува и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во наведениот период.

– За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната. На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар, информира Министерството за здравство.

Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови, Министерството напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Информации за топлотните бранови постојано се достапни на интернет-страницата: www.toplotnibranovi.mk.Максималната температура во Битола денеска до 39 степени.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account