Апостолов: Граѓаните на Неготино на референдум да се изјаснат за прашањето за бегалците

Апостолов: Граѓаните на Неготино на референдум да се изјаснат за прашањето за бегалците

Share Button

Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8-ми ќе дојде за некој ден, посочи Апостолов.

Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов на денешната собраниска седница истакна дека од него било побарано до 8-ми овој месец да се произнесе за националната стратегија и акцискиот план за бегалци.

Тој изрази незадоволство поради тоа што оние кои ја предлагаат Националната стратегија ги нема да ги слшнат граѓаните.

-РМ нема ниту потенцијал, ниту капацитет за вакво нешто, истакна Апостолов, додавајќи дека 500 или 1000 мигранти само би ги зголемиле проблемите на жителите во општина Неготино.

-Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8-ми ќе дојде за некој ден, посочи Апостолов.

Побара во неговата општина да се организира референдум, па граѓаните непосредно да се изјаснат по ова прашање.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account